Аргентина повтори дека Малвините ги смета своја територија

Loading...

Амбасадорката на Аргентина во Велика Британија, Алисија Кастро во вторникот од името на владата на својата земја го отфрли резултатот од референдумот одржан во неделата и понеделникот на архипелагот Малвини (кого Англија го нарекува Фокланди) и повтори дека Аргентина полага право на овие острови во јужниот Атлантик.

 
Претходно британскиот премиер Дејвид Камерон го повика Буенос Аирес да ги почитува резултатите од изјаснувањето на населението на островите коешто на референдумот речиси едногласно, со 98,8 отсто од 92 проценти излезени од над 1.600 лица со право на глас, се изјасни за останување во составот на Обединетото Кралство, чиишто прекуморски територии се во моментов од 1833 година.
„Постои право коешто тие (населението на Малвините) го немаат, а тоа е правото да одлучуваат за нашиот суверенитет”, изјавила аргентинската амбасадорка Алисија Кастри за аргентинската радиостаница Milenium. Нејзиниот став е дека правото на самоопределување „не се дава на која и да е заедница која постои на некоја територија, туку на народите кои се сметаат за староседелци, а кои се подвргнати на освојувачка сила, што не е случај со населението” на Малвинските острови, во чии води во 1990-те години се пронајдени подморски наоѓалишта на нафта.
„Не станува збор за народ, туку за територија којашто е колонизирана. Населението не е предмет на спор околу сувереноста, спорот е околу сувереноста над територијата”, додала амбасадорката.
„Референдумот што го „организираа Британците за Британците за тие да кажат дека територијата мора да биде британска”, според неа претставува „средновековен трик” кој ја одразува „кревкоста” на британската позиција.
Островите беа цел во XVII и XIX век на британското, француското, американското и аргентинското ангажирање, а од 1833 година се под британска власт. Фокландските острови во Аргентина ги нарекуваат Малвини и тие се вклучени во сите географски карти како интегрален дел на аргентинската територија.
Во 2010 година Аргентина побара од Обединетите нации да посредуваат во спорот со Велика Британија околу британските планови за искористување на потенцијалните лежишта на нафта околу брегот на Фокландски острови, поради кои двете земји водеа војна во 1982 година, во која загинаа 255 британски и 650 аргентински војници.
Makфакс
Амбасадорката на Аргентина во Велика Британија, Алисија Кастро во вторникот од името на владат

loading...
Loading...