За точно еден месец ќе биде свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, а како што пишуваат српските медиуми, таа по многу нешта ќе биде необична и интересна. За најважниот ден во својот живот младоженецот ќе ја облече воената униформа на својот покоен татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан која и тој пред 25 години ја носел на својата свадба со Светлана Цеца Ражнатовиќ.
– Цеца сите овие години ги чувала не само својата венчаница туку и униформата на Аркан во која се оженил. Таа за нив е посебно емотивно врзана, а Вељко го знае тоа. Кога изразил желба да ја носи воената униформа на татка му на венчавката Цеца била воодушевена и, нормално се согласила. Тоа е негова желба иако се уште не ја пробал и не е сигурен дека големината ќе му одговара – открива извор близок до семејството Ражнатовиќ и додава:
– Што се однесува за Богдана, Вељко не инсистира да ја носи венчаницата на Цеца, меѓутоа најверојатно и тоа ќе се случи затоа што идната свекрва сака да и ја даде својата венчаница, покрај која планира да и купи уште еден фустан во кој невестата подоцна ќе се пресоблече – наведува истиот извор.