Арктичките камили некогаш талкале низ канадските тундри

Loading...

 Старите мумифицирани коска на камили се пронајдени во канадската тундра со што се потврдува дека овие животни, коишто денес се синоним за африканските пустини, поточно се развиле на рабниот шумски појас на канадски Арктик и таму живееле пред повеќе милиони години, се вели во студијата објавена во списанието Nature Communications.Пред околу 3,5 милиони години фјордот Страткон на брегот од Елесмерскиот остров повеќе личел на шума на северот од континентот, отколку на некој арктички пејзаж, смета палеобиологот Наталија Рубжински од канадскиот музеј на природата во Отава.„Преовладувале иглолисните дрва со многу мочвари и тресет“, вели Рубжински којашто го водела истражувањето.Наоѓалиштата на фосилните остатоци во Канада откриле остатоци до древни мечки, коњи, елени, јазови и жаби. Просечната годишна температура во ерата во којашто живееле изнесувала околу нула Целзиусови степени.„Доколку сте стоеле таму би ги гледале камилите би имале впечаток на иглолисни шуми“, вели Рибжински и додава дека арктичката камила бола 30 отсто поголема отколку денешните камили и најверојатно станува збор за едногрба камила.Иако денес камилите ги има само во Африка и во Азија, научниците подолго време веруваат дека тие потекнуваат од Северна Америка. Претходно, остатоци од камили се пронаоѓани во западниот дел од Канада, во Јукон.Најновите пронајдени остатоци коишто ги сочинуваат триесетина коски и делови од коски, се пронајдени во песокот и во чакалот на канадската тундра и се мумифицирано, но не и фосилизирани. И покрај нивната старост, сочувани се ситени фрагменти колаген во нивната внатрешност. Анализата на тие протеини не само што докажала дека станува збор за камили, туку и дека во прашања е вид камила којашто генетски целосно е поблиска на денешните камили отколку на јуконската камила.Се смета дека пронајдениот вид камила е најверојатно оној кој го минал Беринговиот премин и ги колонизирал пустините.
Макфакс Старите мумифицирани коска на камили се пронајдени во канадската тундра со што се потврдува дека овие живо

loading...