Арсовска до Мицкоски и Славевски: Одговорете им на луѓето зошто бегате, одговорете зошто го тероризирате градот?!

За влакно беше избегнат инцидент во просториите на Советот на Град Скопје откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за субвенции за ЈСП со што практично ги оставија вработените во претпријатието без плата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук сподели видео од настанот и го праша претседавачот со Советот, Трајко Славевски, зошто не му одговори на господинот од синдикатот и зошто беа од работниците во ЈСП.

– „Претседателе“ Т.Славевски, одговори му на господинот од синдикатот. Зошто бегаш?

Мицкоски, одговорете им на луѓето зошто бегате?

Одговори им на граѓаните за тероризирањето на градот?

Вие од ВМРО-ДПМНЕ, одговорете дали добивте доволно политички поени за да се смилувате да им дадете плата на вработените?

Поради вакви како вас, довербата во политичарите е на минимално ниво. Поради вакви како вас, згадено им е на граѓаните од политика.

Срамота. – напиша Арсовска на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.