Артис Пабрикс, латвискиот министер за одбрана: Тоа се руски ракети

Артис Пабрикс, латвискиот министер за одбрана, вели дека тоа се руски ракети.

Моето сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што беа насочени кон украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои до пријателите на Полска и го осудува ова злосторство – напиша тој.

Артис Пабрикс, латвискиот министер за одбрана: Тоа се руски ракети

Веста веднаш ја коментираше и Антон Герашченко.

Се појавија информации дека полскиот премиер свикал итен безбедносен состанок, откако две руски проектили наводно паднале во Пжевудов, полски град на 100 километри од украинскиот град Лавов. Пријавено е дека две лица загинале – напиша Антон Герашенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Се огласија Естонија и Унгарија
Естонија е првата европска земја која објави дека руски ракети наводно паѓаат во Полска, членка на НАТО.

Естонското Министерство за надворешни работи објави порака на загриженост и солидарност на Твитер.

Унгарските власти, исто така, најавија дека ќе го свикаат нивниот совет за одбрана, објави владиниот портпарол Золтан Ковач на Твитер.

Полска е членка на НАТО. Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.