АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот, потврди министерката Дескоска

Дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија, и дека во истата ќе се цитираат само одредени Одлуки потврди министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска. Иако претходно има востановено законска пракса, Дескоска избегна да биде дел од поднесувачите во име на Владата на уставните измени. На конференција во Охрид за реформите во судството во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.
-Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ. – рече министерката.
Воедно таа најави дека Владата утре, на последниот ден од законскот рок, ќе ги достави амандманите.
-Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Постигнавме заеднички договор тоа да биде во рамките на нормативниот текст, каде што во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција за идентитетот на македонскиот народ. – рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференцијата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.