Астролозите тврдат дека за секој хороскопски знак постои идеален тренинг и спорт!

Тешко е да дојдете до совршена линија, но верувајте му на астролозите и практикувајте тренинг или спорт според вашиот хороскопски знак!

Овен

Родените во овој знак се полни со енергија. Ним им е потребен тренинг на кој ќе ја потрошат целата енергија, а токму поради тоа за нив вистински избор е бокс.

Бик

Створени се за трчање. Тоа е “основа на основата” кога е во прашање физичката активност за овој знак .

Близнаци

За овој комуникативен знак тимските спортови се идеални. Одбојка, кошарка, фудбал…за што и да се одлучите се ќе ви оди од рака.

Рак

Ако е воопшто можно да бидете во форма, а притоа да вежбате затворени во 4 ѕида дома , целосно се карактеризира со овој хороскопски знак.

Лав 

Обожаваат предизвици и докажувања. Во склад со тоа најмногу ќе им годи cross-fit, во кои мораат да бидат перфектни во сите 10 физички активности.

Девица

Срамежливите Девици не сакаат премногу внимание. Поради тоа до совршено извајано тело ќе дојдат ако се повлечат во некоја теретана и вежбаат со тегови.

Вага

Не сакаат осаменост и затоа им е тешко сами да се мотивираат да започнат да вежбаат или да одат во теретана. За Вагите битно е да го пронајдат својот фитнес партнер.

Скорпија

Храбри, страсни и тврдоглави. Скорпиите не сакаат да бидат како другите, најмногу ќе им годи нештп несекојдневно, како падобранство, маратон или боречки вештини.

Стрелец

Нив не ги држи место. Родени патници се и непознатиот терен им е неодолив. Поради тоа планинарењето е совршено за припадницте на овој знак.

Јарец

Родени спортисти, она што ги карактеризира е дисциплина, одговорност и тоа што никогаш не се откажуваат. Спорт за нив е велосипедизмот и тоа со доза на мал екстремизам.

Водолија

На дружељубивата Водолија и одговараат групни спортови и тренинзи. Она што најмногу им годи е аеробик, пилатес и зумба.

Риби

Како што и по самиот знак се препознава, Рибите најдобро се снаоѓаат во вода. Затоа пливањето е спорт кој им одговара.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.