Астрономски цени на лебот, никој не говори за оправданоста на истите!

Новите цени на лебот се повисоки за 8 до 10 отсто. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.

Неверојатно е зголемувањето на цените и најверојатно нема оправданост во реалноста нити корелација со инфлацијата:

Астрономски цени на лебот, никој не говори за оправданоста на истите!

-Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија – вели Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија.

Неверојатно е зголемувањето на цените и најверојатно нема оправданост во реалноста нити корелација со инфлацијата:

Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред два дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени.

Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.