Афелај повторно во Барселона

Loading...

Холандскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Шалке 04, Ибрахим Афелај, по завршетокот на позајмицата во овој тим на крајот од сезоната ќе се врати во Барселона.
Афелај оваа сезона имаше доста проблеми со повредите и покрај добриот впечаток што го остави на десетте одиграни натпревари за Шалке, извесно е неговото враќање во тимот на Барселона по крајот на оваа сезона.
Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелд изјави дека не ги знае плановите на овој играч за наредната сезона.
„Претпоставувам дека ќе не напушти, тој и натаму се наоѓа во Холандија на лекување“ изјави Хелд.
„Рехабилитацијата е во координација со нас, и упатени сме во сите детали од неговата рехабилитација, голема штета е што долго отсуствува“ изјави спортскиот директор на Шалке 04.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Холандскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Шалке 04, Ибрахим Афелај, по завршетокот на позајми

loading...