Африканец или Италијанец ќе биде новиот Папа

Loading...

Африканец, Италијанец или можеби дури и Канаѓанец, ќе биде наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти кој во понеделникот објави дек ана 28-ми февруари ќе се повлече од должност, според обложувалниците кои веќе ги рангираат кандидатите.

 
Според италијанската агенција за приредување игри на среќа и обложување „Agipro News”, британските обложувалници предвидуваат во изборот на новиот Папа жесток судир меѓу Италија и Африка.
На списокот со имиња високо котираат нигерискиот кардинал Франсис Аринзе со коефициент 2,90, по него следува Ганецот Петер Турксон со коефициент 3,25, како и Канаѓанецот Марк Уеле со коефициент 6,00.
Првиот Италијанец во конкуренцијата е Афнџело Скола со коефициент 8,00, а потоа следува моментално вториот човек на Ватикан, кардиналот Таркисио Бертоне.
Обложувачите, исто така, веќе ставаат облози на тоа кое име ќе го земе следниот папа, при што Петар има коефициент 5,00, Пие – 6,00, Иван Павле – 7,00, и повторно Бенедикт со коефициент 9.00.
Макфакс
Африканец, Италијанец или можеби дури и Канаѓанец, ќе биде наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти кој во понеделникот

loading...
Loading...