Афтите настануваат поради стрес, поради слаб имунитет или болести на желудникот

Loading...

Афтите се ранички во усната шуплина што се појавуваат кај 20% од луѓето. Тие почесто се појавуваат кај жените и помладата популација. Стресот, слабиот имунитет, анемијата, заболувањата на желудникот и цревата и употребата на одредени лекови може да влијаат на создавањето афти.
Афтите настануваат поради стрес, поради слаб имунитет или болести на желудникот
Тие најчесто се појавуваат на јазикот, образите или мекото ткиво во усната шуплина, а не се појавуваат на тврдите непца или забите. Тие може да бидат мали, големи и во облик на херпес.
Афтите може да бидат големи еден сантиметар и да постојат во просек од 7 до 14 дена, пред да зацелат без да остават лузни. Афтите се појавуваат на мукозните ткива на образите или усните. Големите афти се поголеми од еден сантиметар и може да траат од 4 до 6 недели. Тие побавно се лекуваат затоа што прават подлабока рана.


Афтите слични на херпес или херпетиформните афти се со големина од 1 до 2 милиметри и се појавуваат во групи. Најчесто се појавуваат под јазикот и на мукозните ткива на образите и јазикот. Тие потсетуваат на херпес, но немаат никаква врска со него. За разлика од херпесот, тие не се придружени со треска или болки во телото.
За да ги намалите симптомите, внимателно четкајте ги забите. Користете мека четка. Ако имате афти избегнувајте тврда храна како корки леб, чипс, тврдо месо или пржена риба. Тие може дополнително да ги иритираат афтите и да ја засилат болката. Избегнувајте ги сите газирани и жестоки пијалаци, како алкохол и сокови. Истото важи и за киселите и силните зачини како оцет и табаско сос. Топлата храна и пијалаците, исто така, ги влошуваат симптомите. Се смета дека може да дојде до последователна појава на афти при употреба на одредени видови пасти за заби, па затоа, може превентивно да ја промените пастата за заби што ја користите, велат стоматолозите.

loading...
Loading...