Ахмадинеџад: Чавез ќе се врати со Исус

Loading...

Смртта на венецуелскиот претседател Уго Чавез предизвика изрази на сочувство од многу светски државници, но меѓу поспецифичните се издвојува пораката на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој го најави неговото второ враќа на Земјата, во придружба на Исус Христос и шиитскиот месија Махеди, јавува Радио Слободна Европа.„Не се сомневам дека Чавез ќе се врати заедно со Исус и Махеди (скриениот имам) за да воспостави мир и правда во светот“, се наведува во пораката на поставена на интернет страницата на претседателот на Иран.Иранските верски великодостојници, инаку чиишто ставови се пресудни во иранското општество, не реагираа со одушевување на оваа порака на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.Иранските медиуми јавуваат во петокот дека еден од иранските ајатоласи, Сеџад Ахмед Катами, кој ја водел во петокот молитвата во престолнината Техеран, изјавил дека кога станува збор за пораката на Ахмадинеџад поставен во четвртокот, таа е „претерана“. Би било доволно едноставно да испрател дипломатска порака со изрази на сочувство“, додал ајатолахот Катами.Махмуд Ахмадинеџад, кој беше близок сојузник со Уго Чавез, допатува во петокот наутро по локално време во венецуелската престолнина Каракас на последното испраќање на починатиот венецуелски претседател. Во венецуелската престолнина во петокот пристигна и кубанскиот претседател Раул Кастро, а до почетокот на церемонијата на државно збогување со претседателот најавена за околу 16.30 часот по македонско време, најавени е присуството на 33 државни челници и 54 делегации на странски држави и организации.
МакфаксСмртта на венецуелскиот претседател Уго Чавез предизвика изрази на сочувство од многу светски државници, но меѓу поспе

loading...
Loading...