Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Александар Дугин, кој е главата на руските политики има основано партија во Македонија, тука имаат и медиуми и телевизии, обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, на Русија и одговара да има воени огништа насекаде за да ја прошири окупацијата.

„Зависи со какви очи ги гледаме нештата. Кога Русија го загрозува светскиот мир за употреба на нуклеарно оружје, загрозува држава како Украина, нема како ние да седиме мирни. Во нашата земја има партии кои се основани од Александар Дугин кој е главата на руските политики и вие ова добро го знаете. Има медиуми, има телевизии. Кому не му одговара мирот на Балканот. На Русија и требаат воени огништа насекаде за да ја прошири окупацијата“, рече Ахмети.

Оваа изјава на Ахмети доаѓа еден ден по партиското соопштение во кое велат дека опозицијата во Македонија има руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај.

Пронајдете не на следниве мрежи: