Бабата и дедото не го оставаат зетот да си ужива: Вељко Ражнатовиќ се фати за лопата

Loading...

Младиот боксер Вељко Ражнатовиќ сподели фотографија на Инсатграм како ги поминува деновите во изолација поради пандемијата.
Вељко се почесто објавува фотографии за своите следбеници и обожаватели додека е во изолација заедно со бремената сопруга.
Тој и Богдана се во нејзиниот роден град Тител, а преку „стори“ на Инстаграм, тој објави момент кој се чини дека му е особено драг.


Наследникот на Цеца, всушност, се сликал во моментот кога ја копа земјата во дворот на невестата и напиша: „Време е за базен“.
Бабата и дедото очигледно не го оставаат зетот да си седи и ужива ама со оглед на неговиот спортски начин на живот, во вакви денови дури и копањето му е добредојдено за одржување кондиција.

loading...