Базен, сауна и четири бањи – се ова има новата куќа на Карлеуша, вредна 2.500.000 евра

Јелена Карлеуша на сите им го покажа својот нов дом, вилата на Дедиње која претходно му припаѓаше на познатиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси.
На социјалните мрежи пејачката се пофали и напиша: “Мојата нова куќа“, а од фотографијата се гледа дека пред неа има голем двор. А, таа, нормално не пропушти да дополни дека има и четири големи бањи, како и базен пред куќата.
Како што пишуваат српските медиуми, во внатрешноста на куќата има сауна и теретана, а наводно и одличен безбедносен систем. Куќата на Јелена, наводно и ја купил сопругот Душко Тошиќ и чинела 2.500.000 евра.

 

Loading...