Балотели има нова љубов!

Loading...

Откога Балотели се пресели во Италија заради новиот договор со Милан се појавија гласини дека тоа всушност го направил за својата нова девојка, згодната русокоса Фани Негуеша. Очигледно барањето на 22-годишната манекенка која го молеше да оди и да живее со него се исполни по донесувањето на одликата за трансфер и таа се пресели од Париз во Милано.
Според неименувани извори на двојката е заедно од Божиќ, а убавицата е видена со Балотели во Милано тек овој четврток, пишуваат италијанските медиуми. Во меѓувреме тој на својот Твитер профил објави фотографии со Фани на кои напиша: “Мојата најубава Негуеша”, па се чини дека овојпат познатиот женкар размислува сериозно за љубовта.
Инаку на почетокот на декември минатата година, Марио Балотели стана татко.
Рафаела Фико ја роди неговата ќерка Пију, и веднаш две недели по раѓањето се фотографираше со неа за италијанското списание  Chi и притоа во интервјуто објаснила дека фудбалерот е лош татко кој не покажал никаков интерес за ќерката. Ваквиот развој на настаните можеше да се очекува со оглед на фактот дека ова претходи на медиумските обвинувања и расправии за утврдување на татковството.
Фото: Твитер
 Откога Балотели се пресели во Италија заради новиот договор со Милан се појавија гласини дека тоа всушност го направил

loading...