Банана тирамису: Кремасто и сочно совршенство што не се заборава

Loading...

Потребни состојки:
4 банани
500 грама сирење маскарпоне
прстофат сол
80 грама шеќер во прав
3 јајца
1 ванилин шеќер
2 пакувања пишкоти
¼ литар кокосово млеко
¼ литар кокосов ликер


Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер за да добиете пенеста смеса. Потоа, додајте го маскарпонето, лажичка по лажичка.
Измешајте ги млекото и ликерот од кокос и натопете ги пишкотите. Наредете ги на сад за печење или во чаша за десерт и додајте ги кремот и исечканите банани. Завршниот слој треба да биде крем.
Оставете го тирамисуто да отстои во фрижидер во текот на ноќта. Пред послужување, посипете го десертот со какао во прав.

loading...