Банкнотата од 500 евра нема да се печати, ама ќе се користи

Loading...

Откако во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ), сега Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26 април) ќе ја издаваат банкнотата од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банкнота. Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата заради непречена транзиција и од логистички причини.
Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра. Тие секогаш ќе ја задржат својата вредност и во секој момент ќе може да се заменат во било која банка во еврозоната.
Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банкнотата, откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но и за финанисрање на тероризам.

 

loading...