БАРАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА АСФАЛТИРАЊЕТО ВО ГРАДСКИ ПАРК

Почитувани сограѓани, ве информираме дека ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Почитувани,

Бараме Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари!

Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“

„Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии!

Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани.

Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје.

Линкови до студии, анализи и истражувања:

1. ЛЕАП 3 на Град Скопје (2020-2026)

https://skopje.gov.mk/media/6058/leap-2020-2026.pdf

2. Урбани топлински острови во Скопје (дек. 2018 г.)

https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/…/UHI-Skopje…

3. Стратегија за отпорно Скопје (фев. 2017 г.)

https://skopje.gov.mk/…/otporno-skopje-startegija-mkd.pdf

4. Студија за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје (фев. 2015 г.)

https://skopje.gov.mk/…/studija-za-ozelenuvanje-i…

5. Истражување

Evaluating the roles of green and built-up areas in reducing a surface urban heat island using remote sensing data (окт. 2019 г.)

https://urbaniizziv.uirs.si/…/urbani-izziv-en-2019-30…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.