Баросо за поактивна соработка меѓу Русија и ЕУ

Loading...

Русија и Европската унија не ги остваруваат во целост потенцијалите на партнерството и би требало поактивно да соработуваат и да се ориентираат на долгорочна перспектива, изјави во четвртокот во руската престолнина Москва, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.„Основното прашање на коешто мораме да одговориме е дали работиме сé што треба да работиме за во целост да ги оствариме потенцијалите на нашето партнерство. Ќе одговорам искрено: не работи,. Мораме да биде поактивни, и тоа  не само затоа што ораме, туку и затоа што тоа искрено го посакуваме“, изјави во четвртокот претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на конференцијата „Русија – Европска унија: можности и партнерство“.„За во целост да ги искористиме потенцијалите на нашите односи, мораме да го јакнеме нашето партнерство по потреба… При носењето конкретни одлуки многу е важно да се ориентираме на долгорочна перспектива. Долгорочната перспектив е единствениот економски простор кој се протега од Лисабон до Владивосток, тоа е слободното движење на луѓето, стоките и услугите, и тоа е цел на нашата долгорочна стратегија“, рече Баросо.Делегацијата на Европската комисија предводена од нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо во четврток и петок ќе разговараат во Мосвка со руската влада и премиерот Дмитриј Медведев за низа билатерални прашања, од преговорите за новиот договор за партнерство и соработка, соработката во областите на трговија, енергетиката и сообраќајот и визниот режим до актуелната кипарска криза.Баросо изрази загриженост од развојот на кипарската криза, но верува во нејзиното решавање. „Во минатото решававме и покрупни, се надевам дека и овој пат решението ќе биде пронајдено“, рече Баросо.Европските комесари во четврток ќе имаат билатерални состаноци со руските колеги, а во петок сите заедно ќе се состанат со руската влада и со премиерот Медведев. Предвиден е и билатерален состанок на Баросо со рускиот претседател Владимир Путин.Состанокот на Европската комисија и руската влада спаѓа во редовните состаноци меѓу Европската унија и Русија. Тоа е продолжување на самитот ЕУ – Русија од 21-ви декември минатата година и подготовка за новиот самит кој ќе се одржи во јуни годинава.
МакфаксРусија и Европската унија не ги остваруваат во целост потенцијалите на партнерството и би требало поактивно да соработ

loading...
Loading...