Баскиското дерби во Примера

Loading...

Баскиското дерби, кое на програмата е во петок, ќе го обележи 25.коло во фудбалското првенство на Шпанија.

Мечот ќе се одигра на „Сан Мамес“ стадионот во Билбао, а домаќин ќе биде екипата на Атлетик, која сезонава ја има втората најслаба одбрана во лигата. Реал Сосиедад, спротивно на прогнозите кои беа давани пред почетокот на првенството, игра одлично и се бори за место кое води во европските купови. Лидерот во шампионатот, Барселона, која во средата доживеа непријатен пораз во Милано, од Милан во Лигата на шампиони, ќе ја пречека Севиља, која со новиот тренер ја стабилизира формата. Реал Мадрид ќе гостува во Ла Коруња, кај последнопласираниот Депортиво, екипа која се наоѓа во серија од пет порази.Петок, 22.февруари:Атлетик Билбао-реал СосиедадСаботам 23.февруари:Мајорка-ХетафеСарагоса-валенсијаДепортиво-Реал МадридБарселона-СевиљаНедела, 24.февруари:Рајо Ваљекано-ВаљадолидСелта-ГранадаАтлетико Мадрид-ЕсапњолБетис-МалагаКолото во Шпанија ќе биде комплетирано во понеделник, кога ќе се одигра натпреварот помеѓу Леванте и Осасуна.
Макфакс
Баскиското дерби, кое на програмата е во петок, ќе го обележи 25.коло во фудбалското првенство на Шпанија.

loading...