Бајден: Купете си сачмарка

Loading...

 Советот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден гласи дека за самоодбрана не треба да се набави јуришно оружје, туку сачмарка.Бајден, кого американскиот претседател Барак Обама го задолжи за иницијативата за ограничување на набавката на огнено оружје, овој совет го даде во текот на расправата на социјалната мрежа Facebook. Потпретседателот рекол дека „нема една, туку две сачмарки“ на својот имот во Делавер, како и дека на сопругата Џил  дал прецизни упати како да постапува спрема можни натрапници.„Живееме во шумска и зафрлена област. Реков: Џил, ако некогаш дојде до проблеми, само излези на балкон, впери ја двоцевката и пукни двапати“, напиша американскиот потпретседателот на САД, Џозеф Бајден.„Во ветувам, кој и да сака да пријде, ќе се откаже од тоа. Не ви е потребна јуришна пушка AR-15. Со неа е потешко да се нишани, тепка е за употреба а со сачмарката не ви требаат ни 15 куршуми за да се заштитите“, оценува Бајден.Тој ја води инцијативата на претседателот Обама за намалување на насилствата извршени со огнено оружје, откако во декември 2012 година се одигра масакрот во основното училиште во гратчето Њутаун кога покрај шест возрасни лица бие убиени и 20 дечиња на шест и седумгодишна возраст.
Макфакс Советот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден гласи дека за самоодбрана не треба да се набави јуриш

loading...