Бајден: Обама е сериозен, можна е употреба на сила против Иран

Loading...

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјави дека претседателот Барак Обама не блефира кога зборува за употреба на сила за во случај, сé друго да не успее, да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма, пренесува во вторникот Reuters кој ги повторува зборовите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кои повика на упатување „убедливи воени закани” на Техеран.

 
Неколку седмици пред долгоочекуваната посета на американскиот претседател Барак Обама на Израел, неговиот потпретседател Џозеф Бајден изјави дека сите опции, вклучувајќи ги и санкциите и дипломатијата, мораат да бидат исцрпени за меѓународната заедница да има разбирање за воена акција, доколку таа се покаже како неопходна.
„Претседателот Обама не блефира. Ние не бараме војна. Се надеваме и подготвени сме на мирољубиви преговори, меѓутоа сите опции, вклучувајќи ја и воената сила, с ена масата”, истакнал Бајден на конференцијата на Американско-израелската комисија за јавни прашања (AIPAC), највлијателното еврејско лобистичко здружение во Вашингтон, по што од присутните добил долготраен аплауз и овации, пренесува агенцијата.
Американскиот потпретседател, меѓутоа, предупредил, на стравувањата од губењето на меѓународната поддршка, потсетувајќи дека Иран подлежи на најверојатно најострите санкции кога и да е наметнати на некоја земја.
„Доколку, недај Боже, сепак се покаже дека е неопходно да се дејствува, од огромна важност е целиот свет да знае дека тоа сме сториле сé што било можно разумно да се очекува за да го избегнеме судирите”, потенцирал Бајден.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој од Ерусалим преку сателитски врски се обратил на претставниците на AIPAC, рекол дека „ниту зборовите, ниту санкциите ќе го спречат Иран.
„Санкциите мораат да бидат следени со јасна и убедителна воена закана, доколку дипломатијата и санкциите не постигнат резултат”, порачал Нетанјаху.
Според израелскиот премиер, Иран е сé поблиску до изработка на нуклеарна бомба, а преговорите ги користи за „купување време”. Забелешките на Нетанјаху се толкуваат со тоа дека последната рунда од преговорите меѓу Иран и претставниците на шесте големи сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) во казахстанската престолнина Алмати минатата седмица, воопшто не ги намалила израелските стравувања, меѓутоа според аналитичарите, таквата порака Нетанјаху најверојатно ќе му ја каже на Обама на нивната средба зад затворени врати.
Нуклеарната програма на Иран ќе биде главната тема на правата претседателска посета на Барка Обама на Израел, пред еврејскиот празник Пасха, кој започнува на 25-ти март.
Макфакс
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјави дека претседателот Барак Обама не блефира кога зборува за употреба на

loading...