Бајден: Тие што се занимаваат со корупција на црна листа на САД

Loading...

Претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.
Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, бклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.
– Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан, гласи потпишаниот документ од страна на Бајден.
Задолжен за извршување ќе биде Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот. На црната листа ќе да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан, како и секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот.
Ова важи и за секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права или бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.
Во документот се објавени и договорите на кој се однесува оваа одлука, а покрај Охридскиот и Преспанскиот, тука се уште и Дејтонскиот мировен договор, Резолуцијата 1244 на ОН, како и Хашкиот трибунал, и други.
Откако Бајден е претседател на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а од минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ на Бојко Борисов.

loading...