БГНЕС: Мицковски е оженет за Бугарка

Loading...

Најголемиот противник на сè што е бугарско во Република Северна Македонија, Христијан Мицковски, е оженет со Бугарка, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС (линк до изворот).

Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство, наведува бугарскиот медиум и тврди дека тоа јасно се гледа од избирачкиот список за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април.

Подолу е даден извод од избирачкуот список во Благоевград. Каде што сестрата на Рози има право да оствари глас на претстојните избори.

Сопругот на сестрата на Рози, баџото на Мицковски исто така е со право на глас во Благоевград. БГНЕС наведува и за ова извод од избирачкиот список.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи државјанство се дава само ако твоите предци се Бугари, тогаш и Роза Мицкоска е Бугарска. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и познат по својата остра антибугарска реторика. Неодамна, тој си дозволи да рече дека ако некој каже оти Гоце Делчев е Бугарин ’тој ќе направи дипломатски скандал ширум светот‘“ известува БГНЕС денеска.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...