Беа долгогодишни пријатели, но и направи и големи проблеми: Боки 13 ги вмеша Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг во случајот Рекет

Loading...

Една од најголемите балкански текстописци Марина Туцаковиќ вчера ја загуби битката со ракот која ја водеше повеќе од три години.
Таа буквално е најзаслужна за кариерите на многу пејачи во регионот, а има напишано повеќе од 5 илјади песни.
Марина имаше соработка и со македонските пејачи, но имаше и пријателства од Македонија, како она со познатиот Бојан Јовановски алијас Боки 13.
Неговите матни игри дури ја вмешаа неа и нејзиниот сопруг во случајот Рекет кој се водеше во нашата земја, поради тоа што таа и нејзиниот сопруг му дале пари на заем на Боки 13 за неговата телевизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)


Имено на 6 март минатата година Александар Радуловиќ од Белград, музички продуцент и композитор, сопруг на познатата текстопистка Марина Туцаковиќ, сведочеше на предлог на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13.
Рече дека е повеќегодишен пријател на семејството Јовановски.
„Пред неколку години, Бојан кажа дека ќе отвора телевизија и тоа мене и на сопругата ни беше интересно како би го прошириле нашиот музички опус кој трае 40 години. Сакавме да бидеме кофинансиери на таков проект“, сведочеше Радуловиќ.
На прашање на адвокатот на Јовановски, сведокот кажа дека работел за Цеца Ражњатовиќ, Аца Лукас, Џеј Рамадановски, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Драгана Мирковиќ и други.
„Така, во текот на тие две години јас и мојата госпоѓа Марина одвојуваме одредени средства, да почне Бојан да купува опрема и други почетни потреби. Секако и приватно сум му давал кога требало, во име на тоа наше пријателство“, додаде сведокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)


„Какво ви беше пријателството?“, прашуваше адвокатот.
„Повеќе Бојан се дружеше со мојот помлад син. Патуваа заедно во Грција, Италија, без нас и со нас, родителите.“, одговори Радуловиќ.
„Дали за позајмиците потпишувавте договори?“, праша адвокатот.
„За професионалните да, за приватните позајмици нормално дека не сме го правеле тоа“, одговори сведокот.
Потоа, раскажувајќи за силното пријателство, Радуловиќ кажа дека недела дена пред да патува Јовановски на модна ревија во Милано, февруари 2019 година, на вечера во нивниот дом во Белград, му дал пари да купи и цитостатици од Италија за неговата сопруга, кои биле многу скапи и не можеле да се набават во регионот.
„Лековите беа нарачани, требаше Бојан да ги плати и да ги донесе. Мојата госпоѓа му нарача и гардероба, зашто тежината од болеста и беше преполовена, и требаше нова облека“, зборуваше сведокот на Боки.
Потоа продолжи:
„Само лековите чинеа 12.000 евра месечно. Ние нарачавме за 6-7 месеци, му дадовме 150.000 евра, не смеевме терапијата да ја прекинуваме. А за гардеробата не знам, тоа знаат тој и мојата сопруга. И за неа му дадовме голема сума. Парите Бојан му ги даде на возачот Тони“.
„Дали се легални парите што му ги дадовте на вечерата на Јовановски?“, беше прашан сведокот.
„Да, тоа се легално заработени, наши пари, со платени даноци“, рече продуцентот.
Според обвинението, Јовановски, откако зел пари од осомничениот во случајот Империја Орце Камчев, заминал за Милано, каде ги трошел за скапа брендирана гардероба, која моментално е запленета како доказ за перење на изрекетирани пари.
Обвинителката Вилма Русковска го ислуша сведокот Александар Радуловиќ, сопруг на српската текстопистка Марина Туцаковиќ, како му давал илјадници евра на обвинетиот Бојан Јовановски и му постави само едно прашање:
„Имате доказ дека сте му дале пари на Јовановски за телевизијата?“, го праша таа.
„Немам“, одговори тој.
Лани во месец јули авторката на голем број на хитови на забавна и народна музика, во едно од своите последни интервјуа откри детали од животот со мајката на Боки 13, со која како што вели е во редовен контакт.
„Се слушаме од време на време. Што да прави жената. Боки е осуден на многу години, но ќе се жали, па сите се надеваат деак казната барем малку ќе се намали и дека дел од казната ќе може да ја помине во домашен притвор“, изјавила Туцаковиќ за „Стар“.
„Домашниот притвор е многу полесна околност отколку да е во самиот затвор. Знаејќи го него, сигурна сум дека ова тешко му паѓа, затоа и здравствено падна“, вели Марина.

loading...
Loading...