Бебешката пудра “Johnson & Johnson” содржи азбест – компанијата губи 40 милијарди долари

Loading...

Бебешката пудра “Johnson & Johnson” со децении содржи азбест, јавува “Reuters”. Компанијата тврди дека ваквата информација е неточна, а притоа се соочува со тежок финансиски удар.
“Reuters” објавил експлозивен текст во кој тврди дека компанијата со децении знаела дека нивната пудра за бебиња содржи азбест, а по ваквото откритие, акциите на “Johnson & Johnson” опаднале за 10 отсто и изгубиле речиси 40 милијарди долари пазарна вредност, известува “CNN”.
Станува збор за најголем пад на компанијата од 2002 година.

“Johnson & Johnson” веќе со години се бори со тужбите во кои се тврди дека некои од нивните пудри кои содржат талк, предизвикуваат рак. Извештајот содржи документи и други доказни материјали од судскиот процес според кои челниците на компанијата, менаџерите, научниците, лекарите и адвокатите знаеле за проблемот и вешто го криеле од јавноста.
Позитивни тестови од 1971 година
“Reuters” тврди дека детално ги проучувале документите, вклучувајќи и искази и судски сведоштва кои докажуваат дека од 1971 година, дел од тестовите биле позитивни на мала количина азбест, канцероген минерал. Информативната агенција известува и дека документите докажуваат дека компанијата влијаела на американските регулатори околу лимитирање на азбестот во козметичките производи со талк.
“Текстот на “Reuters” е едностран и невистинит”, порачале од “Johnson & Johnson” и тврдат дека нивната бебешка пудра е “безбедна и без азбест”.

loading...