Бебе изгризено во јасли во градинка

Мајката Алис Мартин од Тусон, Аризона не можела да им верува на своите очи кога ја соблекла својата 14-месечна ќеркичка по враќањето од јаслите во градинка.
На нејзиното тело пронашла повеќе од 25 рани, траги од гризење.
Расплаканата мајка веднаш случајот го пријавила во полиција,а стручњаците веруваат дека станува збор за траги од гризење од друго дете.

– Желудникот ми се преврте кога ја соблеков ќерка ми и ги видов црвенилата. Бев бесна и тажна во исто време.Во првиот миг не можев да верувам дека тоа се траги од гризење, а потоа мозокот ми се исклучи и почнав да плаќам. Ги имаше повеќе од 25, раскажала Алис за локалните медиуми.
Тажната мајка воедно истакнала дека била бесна и поради фактот што никој од градинката не ја информирал што се случило и дека нејзиното дете преживеало вистинска траума.