Бегајќи од полиција со возило со мигранти излетал од патот

Вчера попладне во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с. Миравци на автопатот Демир Капија – Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат Браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари – Скопје, во кое се превезувале мигранти.
Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот. Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.