Без Внатрешна Револуција нема Држава!

Loading...

Читам статуси и не можам да поверувам на нашата лежерност, сеирџиство и лажна перцепција! Убаво напишав еднаш нема потреба од повикување на Бојкот ние сме први за седење дома, на демонстрации да излеземе е тешко! Толку пари на тој му дале, овој го купиле, не се секирајте глуми Заев, мирно само да нема инциденти тоа сакале, и што уште не! Кур се тресе у ладна вода, да ми извините! Точно знаат со каков народ си имаат работа затоа и ни го прават ова што ни го прават. При неуспешен референдум тераат понатаму затоа што знаат дека нема кој да ги запре. Има ли бре некој во оваа држава да повика на демонстрации?Да собере 20-30.000 луѓе? Има ли раководството на ВМРО-ДПМНЕ морална обврска да го направи тоа ако веќе е на страната на Народот, или од кога ќе заврши битката тие се јунаците? 
Има ли мажишта од овие куртониве што по пет статуси дневно пишуваа како Филип, Солза, Бачев и останатите профитирале со протести, сега пет статуси дневно да пишуваат Мицкоски да го повикуваат на демонстрации, а не повторно со они ступидни размислувања СДС тоа го сакале! А вие како мислите да се борите против хунта? Со дваест кила пипер? Овие од Единствена Македонија за кои Јанко Бачев ќе беше иден премиер каде се? Премиер со 100 луѓе не се станува! Каде се овие што колку што допираат до мене информации лапале пари наводно за ширење на Каузата? Каде ја раширивте? Каде ви се луѓето? Кај Гиго у шупа?
За ширење треба и паричките да ги раширите, а не на два тројца да се делат! Ова новинариве што прават уклучувања во живо секој ден сем за сеир и рекла казала ќе се потрудат ли нешто да сработат вистински за оваа држава ако навистина имаат толку поддржувачи и се креатори на јавно мислење. Можам да разберам дека е убаво чуството со седење дома да си дел од историја! Херој ејјј! Спасител на Името!!! Ама не ја бива така другари! Нит било, нит ќе биде!
Без Внатрешна Револуција нема Држава!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...