Без зборови, катастрофалните бројки за Австралиските пожари

Loading...

Без зборови
Молете се за Австралија, да се помолиме и Бог да ги слушне нашите молитви, да заврне силен дожд кој би ги угасил овие огромни пожари.
Да се молиме за сите волонтери, пожарникари кој секојдневно ги ризикуваат своите животи.
Австралија е во вонредна состојба. Веќе два месеци се соочува со пожари низ целата земја. Прогнозите се дека пожарите ќе бидат најкатастрофални до сега.
Штетите од пожарите се библиски и незапаметени до сега.
– Изгубени се 14,5 милиони хектари земја. Тоа е шест пати повеќе од пожарите на „Амазон“ во 2019 година
– Половина милијарда животни се изгорени живи, со страв дека некои видови животни се целосно избришани.
– Загинаа 20 лица, повеќе се водат како исчезнати и се проценува дека ќе се зголеми бројот на загинатите.
– 8000 коали умреа и сега се прогласени за „вид во ризик од исчезнување“.
– Изгорени се 1.500 домови, а десетици илјади луѓе се евакуирани и цели градови бегаат за засолниште на плажа или чамци.
– Канбера го доживеа најлошиот квалитет на воздухот во светот делумно од облак од чад толку голем како Европа.
Ова не е само национална катастрофа за Австралија, ова е катастрофа за целиот свет.
Многу луѓе во Австралија не одат на работа, се пријавуваат како волонтери и ги жртвуваат нивните животи за да спасат колку можат. Стотици организации од светот собираат донации да им помогнат на луѓето и животните во Австралија. На нас во Македонија останува само да се помолиме за нивните животи. ? ??

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...