Без ова парче, нема добар пролетен стајлинг

Модната инфлуенсерка, жена со истанчена смисла за мода и бизнисменка, Гита Банко, со секој свој стајлинг докажува дека не ја викаат без причина „кралица на уличниот стил“.
Оваа атрактивна Германка, поранешна манекенка, претпочита минимализам, но на секој свој стајлинг му дава личен печат и автентична нота.
Нејзините модни комбинации се умерени, но возбудливи, модерни и атрактивни.
Овојпат Гита нè инспирира како совршено да го искомбинираме парчето гардероба без кое не се може во текот на преодниот период – мантил! Добриот мантил е повеќе од половина завршена работа, велат модните експерти, а оваа инфлуенсерка го докажува тоа со своите фотографии.
Бидејќи навистина, кога преку фармерки, па дури и наједноставни тренерки и маици, ќе облечете добар и квалитетен мантил и ќе го искомбинирате со тренди патики, ќе добиете добитна комбинација за пролетните денови.
Се надеваме дека ќе пронајдете инспирација од фотографиите во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.