Бекам е најбогатиот светски фудбалер

Loading...

Поранешниот англиски репрезентативец, Дејвид Бекам е најбогатиот фудбалер на светот. Ѕвездата на Пари Сен Жермен има заработено повеќе од 200 милиони евра.Бекам е убедливо прв на „Goal Rich List“ за 2013 година, тој заработил 68,3 милиони евра од Лионел Меси кој се наоѓа на второто место на оваа листа. Играчот на Барселона има вкупна заработка од 132,6 милиони евра.Третата позиција му припаѓа на најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Португалецот има инкасирано 128,5 милиони евра.На четвртото место се наоѓа соиграчот на Роналдо, Бразилецот Кака, кој иако во последните две години не игра многу има инкасирано 76,3 милиони евра, што е за четири милиони повеќе од она што го заработил Роналдињо кој се наоѓа на петтото место.Нето заработувачката е пресметана врз основ на платите на фудбалерите, имотот и нивните бизниси надвор од фудбалските терени.Бекам е убедливо прв иако оваа сезона во дресот на Пари Сен Жермен нема да заработи ниту еден цент. Неговата плата ќе биде донирана на деца на кои им е неопходна помош.
МакфаксПоранешниот англиски репрезентативец, Дејвид Бекам е најбогатиот фудбалер на светот. Ѕвездата на Пари Сен Жермен

loading...