Белгија, Британија и Франција под снег

Loading...

Снегот во некои делови на Европа го отежна сообраќајот, а поради состојбата на патиштата запрено е движењето на автобуските и железничките линии.Под снег осамна Белгија, делови од Франција и Британија.Белгија во утринските часови се соочи со метеж во сообраќајот, а колоните достигнаа рекордни 1.600 километри затоа што коловозите биле лизгави, а видливоста намалена. Условите биле влошени поради силниот ветар.Откажани се бројни линии во железницата, меѓу кои и експресниот воз за Париз, Германија и Холандија.Илјадници патници останале на платформите.Во Сасекс, Британија, полицијата соопшти дека интервенирала во повеќе од 300 судари во 24 часа, но дека нема сериозно повредени.Многу училишта во југоисточна Англија се затворени поради екстремните временски услови.Во Франција повеќе од 68.000 домаќинства останаа без струја, а повеќе стотини луѓе се заробени во своите автомобили по налетот на зимската бура.Во несреќа кај северниот град Лил, во кој учествувале три автомобили, предизвикан поради лизгање на автопатот, повредени се 14 лица, вклучувајќи и шест пожарникари, пренесе AFP.Зголемен степен на узбуна прогласен е во 26 области на северозападот и северот на Франција поради големиот снег.Дошло до пореметување и на авионскиот и железничкиот сообраќај, а оневозможен е и пристапот на еден траект во францускиот пристанишен град Шербур кој пренесува 491 патник од Ирска.
МакфаксСнегот во некои делови на Европа го отежна сообраќајот, а поради состојбата на патиштата запрено е движењето на

loading...