Белград под вода, а автомобили пловат по улиците: УХМР по невремето во соседството со предупредување особено за попладнево и утре!

Loading...

Големо невреме вчеравечер го погоди Белград предизвикувајќи поплави во некои делови од градот.
Сцените кои вчера можеа да се видат на социјалните мрежи укажуваат на големи материјални штети.
Еден дел од градот беше посебно погоден, а вчера сообраќајот речиси и да не се одвиваше додека водата ги поплави улиците.

На дел од снимките се гледа и како автомобили пловат по улиците поради невремето кое претходно ја зафати Чешката Република.

loading...