Бели Тоблероне штангли

Loading...

150 г шеќер
50 мл вода
125 г маргарин
100 г бело чоколадо
150 г млеко во прав
100 г сечкани лешници
100 г црно чоколадо
Во тенџере на оган 2-3 минути варете ги шеќерот и водата. Во шербетот додадете ги чоколадото искршено на парчиња и маргаринот. Откако ќе се растопат тргнете од оган. Додадете го млекото во прав и изматете со миксер. Потоа додадете ги сечканите лешници и мешајте со лопатка додека се соедини смесата. Ставете ја во калап за штангли или во тава, обложена со најлонска фолија и изладете во фрижидер. Откако колачот ќе се стегне отстранете ја фолијата, исечете на парчиња и декорирајте ги штанглите со растопено црно чоколадо.

loading...