Берзани води во долниот дом, Берлускони во сенатот

Loading...

 Коалицијата на левиот центар на Пјерлуиџи Берзани води во долниот дом на парламентот, додека во подеднакво влијателниот сенат во предност е блокот на Силвио Берлускони.Пребројувањето на гласовите од вчерашното и денешното гласање на изборите во Италија сеуште е во тек, а првичните проекции на италијанските телевизии покажуваат дека во сенатот во водство се коалицијата на партијата на Берлускони, Народ на слободата и Северната лига.По преброените ливчиња од речиси една четвртина гласачки места, во трката за долниот дом води Алијансата на левиот центар на  Берзани со 32,7 отсто, пред 25,86 отсто гласови за Берлускони и 25,84 отсто за комичарот Бепе Грило, официјално соопшти Министерството за внатрешни работи на Италија.Премиерот во заминување Марио Монти, според досега преброените гласови, има 10,22 отсто.Излезноста на италијанскиот општи избори надминала 75 отсто, соопштено е по затворањето на гласачките места во 14 часот.
Макфакс Коалицијата на левиот центар на Пјерлуиџи Берзани води во долниот дом на парламентот, додека во подеднакво

loading...
Loading...