БЕРЗА: ВКУПНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА ПОГОЛЕМИ ОД ЛАНИ

Што откриваат финансиските извештаи на Македонската берза – приказ низ табели

Македонска берза го објави извештајот за добивките и загубите на котираните друштва, согласно нивните финансиски извештаи за првото полугодие од годинава и од минатата година. Според податоците, овие друшта зеднички создале и поголема добивка и поголема загуба во однос на истиот период лани, анализира порталот Пари.

Во првото полугодие од годинава со добивка биле 72 котирани друштва, додека ланското прво полугодие со загуба го завршиле 67 котирани друштва. Соодветно на овие бројки, годинава имало и помалку фирми што полугодието го завршиле со загуба во однос на лани. Така, за 6 месеци, во загуба влегле 19 фирми кои се котирани на Македонската берза, а лани, во истиот период загуба имале дури 24 компании.

На берзата може да се видат финансиските резултати за 91 котирано друштво.

Вкупен број на компании со добивки и со загуби

ПЕРИОДБРОЈ НА КОМПАНИИ СО ДОБИВКАБРОЈ НА КОМПАНИИ СО ЗАГУБА
Од 01.01.- 30.06.20227219
Од 01.01.- 30.06.20216724

Податоците покажуваат дека во првото полугодие од 2022 година, заедничкиот профит на овие 72 компании е 154,2 милиони евра. Минатата година, во истото полугодие, заедничкиот профит на 67 компании со добивка е 142,3 милиони евра.

Од друга страна, иако годинава има помалку компании во загуба, нивната заедничка загуба е поголема од ланската. Годинава 19 компании кои биле во загуба креирале негативен резултат од  12,8 милиони евра. Лани, 24 компании заеднички создале минус од 6,9 милиони евра.

Вкупни добивки и загуби

ПЕРИОДВКУПНО ДОБИВКАВКУПНО ЗАГУБА
Од 01.01.- 30.06.2022154,2 милиони евра12,8 милиони евра
Од 01.01.- 30.06.2021142,3 милиони евра6,9 милиони евра

Најголема промена, според податоците на Македонската берза, има кај „Транскоп“ од Битола. Разликата во добивката во првото полугодие од годинава , во однос на ланското е 19.062%. Односно лани компанијата остварила нето-добивка од 8.000 денари, а годинава имала добивка од 1.533.000 денари.

Најголема промена

КОМПАНИЈАДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2022ДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2021РАСТ НА ДОБИВКА
„Транскоп“ – Битола1.533.000 денари8.000 денари19.062%

Најголема добивка меѓу котираните друштва има Стопанска банка АД Скопје. Нејзината добивка, во првите 6 месеци од годинава е 23,8 милиони евра. Минатата година, Банката направила добивка од 17,8 милиони евра, што значи дека годинава имаме раст од 33,9%.

Најголема добивка

КОТИРАНО ДРУШТВОДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2022ДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2021РАСТ НА ДОБИВКА
Стопанска банка – Скопје23,8 милиои евра17,8 милиони евра33,9%

Најголема загуба годинава, во првите 6 месеци, има направено компанијата од металната индустрија „Либерти“. Нејзината загуба била 4,56 милиони евра. Лани пак, компанијата првото полугодие го завршила со добивка од 9,7 милиони евра.

Најголема загуба

КОТИРАНО ДРУШТВОЗАГУБА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2022ДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2021
Либерти4,56 милиони евра9,7 милиони евра
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.