Берлускони: Двајца ќе го чуваат Меси, Пирло не требаше да замине

Loading...

Екипата на Милан, во среда, на домашен терен ќе ја пречека Барселона, во првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони.Барса е фаворит во овој двомеч, а претседателот на Милан, Силвио Берлускони, го открил начинот на кој ’росо нерите’ ќе се обидат да го сопрат најдобриот светски играч, Лионел Меси.„Сули Мунтари и Матие Фламини ќе бидат личните чувари на Меси“, изјавил Берлускони.Сопственикот на Милан, ја открил и најголемата клупска грешка.„Не смеев да го пуштам Пирло. Но, денес го имаме Рикардо Монтоливо, а заинтересирани сме и за Марко Верати од ПСЖ“, рекол Берлускони.Инаку, Милан пред 18 месеци му дозволи на Пирло, без обештетување да се пресели во Јувентус, поради клупската политика, на играчи постари од 30 години да не им нуди повеќегодишни договори.Пирло во првата сезона го предводеше Јувентус до шампионската титула, а потоа со италијанската репрезентација играше и во финалето на Европското првенство.
МакфаксЕкипата на Милан, во среда, на домашен терен ќе ја пречека Барселона, во првиот осмина финален натпревар во Лигата на

loading...