Берлускони: Меркел е интелигентна, но е источњачки бирократ

Loading...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони упати жестока критика на германската канцеларка Ангела Меркел, нарекувајќи ја претставничка на источно-европската централистичка економија.„Госпоѓата Меркел е интелигентна жена, но пораснала како бирократ во Источна Германија со тамошната централизирана економија“, изјави Берлускони пред претприемачите на состанок во Монца.„Нејзината длабока култура предвидува челична организација на економијата. Таа мисли дека во секоја држава дефицитот треба да изнесува најмногу 0,5 отсто, тоа не е можно во сите држави“, рече поранешниот италијански премиер.Берлускони со својот сојуз на десниот центар се кандидираше на парламентарните избори што во недела се одржуваат во Италија. За време на кампањата, забележани неколку негови критики упатени на сметка на Германија.„За да владеам, замолив и добив дозвола од гласачите, а не од госпоѓата Меркел“, изјави неодамна. Со тоа истовремено го критикуваше и досегашниот премиер Марио Монти, кому му забележува за тоа што барал согласност од Меркел за составување на својата влада.
МакфаксПоранешниот италијански премиер Силвио Берлускони упати жестока критика на германската канцеларка Ангела Меркел,

loading...