Берсани ја отфрли можноста за „голема коалиција” во Италија

Loading...

Коалицијата на италијанските партии од левиот центар нема да состават „голема коалиција” со десниот центар што го предводи поранешниот премиер Силвио Берлускони, соопшти во петокот лидерот на левиот центар Пјерлуиџи Берсани, коментирајќи го расплетот од парламентарните изброи кои се одржаа во неделата и понеделникот и кои не дадоа јасен победник.

 „Сакаме многу јасно да кажеме: идејата за голема коалиција не постои и никогаш нема да постои”, изјави Пјерлуиџи Берсни во разговор за дневниот весник La Repubblicа.
На изборите што се одржаа на 24-ти и 25-ти февруари, ниедна политичка групација или партија во Италија не освои доволно мнозинство за да формира стабилна влада, а Движењето 5 ѕвезди на сатиричарот Бепе Грило, чијашто програма е борбата против „политичкиот естаблишмент”, стана поединечно најсилната партија освојувајќи четвртина од гласовите.
Коалицијата на левиот центар што ја предводеше Бресани освои мнозинство во долниот дом, но не и во Сенатот.
Берсани во разговорот за миланскиот весник вели дека на претстојните консултации кај претседателот Џорџо Наполитано ќе ја претстави програмата на владата на својата коалиција, којашто и самиот би ја водел.
Запрашан дали таквата влада ќе биде малцинска, Бресани одговара: „Нарекувајте ја како што сакате. За мене тоа е влада на промените”. Берсани не сакал директно да одговори на прашањето за идната улога на Движењето 5 ѕвезди на Грило, кој претходно изјави дека нема да прави коалиции и сојузи со ниедна од традиционалните партии.
Макфакс
Коалицијата на италијанските партии од левиот центар нема да состават „голема коалиција” со десниот центар што г

loading...