“Беса“ нема да коалицира со СДСМ

Loading...

Од партијата не кријат дека бараат уставни измени за Албанците ако се гласа Договорот со Грција потпишан во Преспа. Ако дојде до отворање на уставните промени, „Движењето Беса“ со кое раководи Биљал Касами, најави дека ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија.
-Сметаме дека е историски момент, ако се отвори прашањето за уставните промени, “Движењето Беса“ ќе даде конкретни и концизни предлози за унапредување на уставните права на Албанците, како втора по големина етничка заедница во Македонија, изјави претседателот на партијата Абдуш Демири.
Иако нагласи дека не се условени уставните промени кога ќе дојде до отворање на уставните промени, нивните пратеници ќе даделе конкретни предлози за конкретни промени.
Од партијата категорично ја отфрлаат можноста да коалицираат со СДСМ на предвремените парламентарни избори, затоа што сметаат дека секоја коалиција со СДСМ со било која албанска партија, без да ги заокружува уставните права на Албанците како еднаков народ, би била штетна за интересите на Албанците.
Тие порачаа дека се отворени за сосработка со сите албански политички сили, невладини организации и интелектуалци, кои се залагаат за унапредување на правата на Албанците. Но, исто така апелираат до сите алабнски политички партии во земјата, преку политички дијалог да ги координираат прашањата кои се од национален интерес за Албанците.

loading...