Бесими на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

12 октомври 2022, Скопје – Делегација од РС Македонија предводена од министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народна банка на РС Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска од денеска престојуваат во Вашинготн каде ќе учествуваат на Годишните средби на ММФ и Светска Банка. Годишните средби се фоkусирани на барање одговори за кризата со енергенсите и храна, промовирање инклузивен раст, инвестиции за климатски промени, како и инвестирање во човечкиот капитал.

Бесими на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Средбите, на едно место ги обединуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на бизнис-заедницата, на невладиниот сектор и експерти кои имаат можност да дискутираат за актуелни прашања и да изнајдат можности за нивно надминување. Тоа е можност и за одржување на формални и неформални состаноци помеѓу присутните.

Министерот за финансии во рамки на престојот во Вашингтон ќе реализира повеќе состаноци со високи претставници на овеи меѓунaродни институции. Меѓу нив се средба со извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка, Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан, Ксијаокинг Ју и со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.

Исто така ќе се сретне и со  извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер, шефот на мисијата на ММФ за РС Македонија, Бергјот Бјорнсон Баркбу и регионалниот претставник за Западен Балкан, Штефани Ебле.

Министерот ќе оставари средба и со претставници од Трезорот на САД, како и со претставници од Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).

На состаноците министерот ќе ги истакна напорите и мерките што ги презема Владата за справување со енергетската и ценовната кризата, истовремено и одржување макроекономска стабилност. Значајно во пресрет на одржувањето на овие состаноци е и изјавата од ММФ дека РС Македонија ќе биде корисник на Програмата за претстазливост и ликвидност, која е потврда за здравите економски политики.

„Заострувањето на геополитичките состојби во Европа, особено ситуацијата со испораката на гас, навестува тешка зима за целото европско тло, за нас како дел од тоа европско тло, и за светот генерално. Оваа криза е од такви размери што ние како мала економија во развој не може да ги апсорбира сите ефекти. Затоа клучно е единството и солидарноста во нејзиното надминување и поддршката во овие моменти, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими.

На средбите ќе бидат истакнати мерките што се преземени за справување со кризата и нивното финансирање.  Фискалната одржливост и реформите што се планирани со неодамна донесeниот нов Закон за буџети, кој претставува клучна реформа за поголема отчетност, дигитализација и подобро долгорочно планирање. Дигитализација на процесите со воспоставување на ИФМИС системот,  проект кој се спроведува со поддршка на Светска банка.  Но, исто така акцентот ќе биде ставен и на инвестициите кои државата ги планира во секторот енергетиката, во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, диверзификација на обезбедување енергенси и поддршка на нивната реализација, што се покажа особено значајно во оваа криза.

Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон се одржуваат од 10 до 16 октомври 2022.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.