Бесплатен вебинар на тема “Фишинг-напади и како да се заштитите”

Loading...

Што се фишинг-напади и како да се заштитите? – Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT организира трет бесплатен вебинар

Фишингот е еден од најстарите, најраспространетите и најштетните видови на сајбер-напади со пораки и техники кои со текот на времето стануваат сè пософистицирани.

Во услови како што е пандемијата со корона вирусот дополнително им се овозможувана криминалците да ги намамат своите жртви. Напаѓачите знаат дека сè повеќе луѓе работат од дома и споделувањето на доверливи информации преку интернет е неизбежно.

Дополнително, во вакви ситуации сите бараат што е можно повеќе информации и голема е веројатноста да кликнат на некој email или порака за која не се свесни дека е напад. А само еден клик е доволен за штетата да биде непроценлива. Затоа е многу важно, да знаете да ги препознате овој вид на напади и што е потребно да направите за да се заштитите.

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance организира трет бесплатен вебинар, овојпат на тема “Фишинг-напади и како да се заштитите”кој ќе се одржи на 25.12.2020 со почеток во 10 часот.

  • Што се фишинг-напади и како се користат?
  • Како криминалците ги користат овие напади поврзани со пандемијата?
  • Како се користи е-пошта, социјални мрежи и пораки за извршување на овие напади?
  • Кои сè видови на фишинг постојат?

Ова се само дел од темите кои ќе бидат разработени. Ќе бидат споделени и совети за препознавање и добри практики за најдобра заштита од врвни експерти од областа. Предавачи кои ќе учествуваат на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Овој вебинар е третиот по ред од серијата бесплатни онлајн вебинари кои ги организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Ќе се одржи уште еден вебинар во коj ќе бидат опфатенидруги теми од сајбер-безбедноста.

 

Научете повеќе за фишинг-напади и како да се заштитите! Обезбедете го вашето место тука.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...