Бесплатен превоз до скопски аеродром за пречекот на ракометарите

Loading...

ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
-Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво.

Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до Плоштад да се возат со панорамски автобус, информираат од ЈСП.

loading...