Бесплатна психолошка помош за повредените кај Ласкарци и нивните блиски

Бесплатна психолошка помош ќе има за блиските на настраданите во тешката сообраќајна несреќа во близина на Карпалак.
Психолозите-лиценцираните членови на Комората на психолози ќе отворат психолошки советувалишта во два града, Гостивар и Скопје. Оваа информација тие ја споделија на социјалните мрежи.
Комората во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари обезбедија психолошка помош за повредените во трагичната сообраќајка на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.