Беше 33 години помлада и го пречекуваше со чашка „домашна“ – Еве како зборуваше Анѓела, сопругата на упокоениот д-р Угриновски за нивната љубов

Утрово, по тешко боледување на 77-годишна возраст се упокои познатиот и почитуван неврохирург Јовица Угриновски, соопштија од приватната болница „Неуромедика“, каде Угриновски беше основач и претседател на управниот одбор.

-Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, се наведува во соопштението на болницата на социјалните мрежи.

Угриновски ил присутен и на забавата која оваа болница ја приредила оваа болница, по повод 30 години од нејзиното постоење, а со која раководи неговиот син.
Угриновски беше роден на 2 октомври во 1945 година. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година и завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје, Манчестер и Братислава. Докторирал во 1986 година.

Работел како специјализант на Универзитетскиот клинички центар во Скопје од 1970 од 1975 година. Една година во периодот од 1979 до 1980 година работел како специјалист по неврохирургија во општата болница во Дерна, Либија.
Од 2010 работеше како неврохирург во клиничката болница „Аџибадем Систина“. Претходно работел и како редовен професор по неврохирургија на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Беше 33 години помлада и го пречекуваше со чашка „домашна“ – Еве како зборуваше Анѓела, сопругата на упокоениот д-р Угриновски за нивната љубов

Угриновски беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија.
Пред 10 години, во една емисија која ја водеше професорката Татјана Алексиќ, а се емитуваше на Макединската радио Телевизија, гостуваше проф. Др. Јовица Угриновски со својата 33 години помлада и побава половина Aнѓела и студентите од Медицинскиот Факултет во Скопје.

Професорката Алексиќ започна да разговара со д-р Угриновски и со неговата сопруга на тема- нивниот приватен живот, и за фактот дека сопругата Анѓела тогаш се реши да му се посвети на домот.
Алексиќ нагласи дека ние го потценуваме зборот домаќинка, а на ова сопругата на д-р Угриновски рече дека е таа многу среќна што е дома.

-Ние си направивме една мала оаза во Визбегово, каде што сме сите на купче, и каде што не ни треба ниој друг од страна, за да ни ја дополни љубовта, за да ни го збогати животот, или пак неко нешто да може да изнесе од нашата куќа..

Угриновски беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија.

Ние си живееме во тој наш мал свет полно со љубов, и мене ми е драго што сум таму. Мене ми е драго да ги разбудам децата, мене ми е драго Јовица да го испратам на работа, и да ги дочекам сите, насмеана, среќна и да му поставам на Јовица чаша ракија и да се напиеме заедно“, рекла Анѓела.
Потоа, водителката- професорката Алексиќ им пуштила прилог во кој го прашала Бора Ѓорѓевиќ- Бора Чорба како изгледа да се има помлада жена, а тој изјавил: Па, погледнете ме како изгледам.

Секогаш морам пристојно да изгледам, рекол Бора Чорба, а на ова д-р Угриновски одговорил: Ништо повеќе не би додал“.

Пронајдете не на следниве мрежи: