Бејрут не мирува, повторно гори, граѓаните панично бегаат

Loading...

Утрово граѓаните на Бејрут повторно панично бегаат од центарот на градот, бидејќи гори зграда во трговскиот кварт. Новиот пожар следеше само неколку дена откако изгоре магацин во пристаништето, каде се случи страшна експлозија пред нешто повеќе од еден месец, која однесе неколку стотици животи.

Снимките од зградата во пламен кружат по социјалните мрежи, а густиот чад повторно лебди над градот.

– Според првите информации, никој не е повреден, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот – најавуваат властите.

loading...