Бидете претпазливи: Земјава во жолта, алертна фаза

Денес времето во целата земја ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 38 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе изнесува 9.
И во Скопје слично време, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
И наредните два дена ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои  ќе надминат 35 степени. Веќе од недела попладне повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури постепено ќе опаѓаат.

Loading...