Бизарен тренд зема замав: Еве по што полудуваат мајките кои одат на породување

Loading...

Некои мајки покажале дека е точно дека “ако не е објавено на социјална мрежа, не се случило”, а отишле и чекор понатаму, па комплетно нашминкани ги поднесуваат породилните болки.
Тие мајки нанесуваат слоеви шминка за убави да го дочекаат своето бебе, но и да бидат подготвени за првата заедничка фотографија која потоа ја објавуваат на Фејсбук или Инстаграм. Дека е така потврдуваат и статистиките кои велат дека 68 проценти бремените жени во Велика Британија се шминкаат, веднаш по породувањето.
Некои се средуваат и пред да започне породувањето.


Истото истражување покажало дека мајките кои имаат од 18 до 31 година пред да дојдат во болница одат на третмани за разубавување. На депилации, солариуми или барем на фризер.
Изгледа дека за тој тренд се виновни инфлуенсерките на Инстаграм кои на своите профили поставуваат фотографии на кои се средуваат за дочекот на своите принови.
Уметничката Алаха Карими своето прво бебе во 2016-та на Инстаграм го најавила со фотографија на која за пораѓањето се подготвува нанесувајќи неколку слоеви пудра. Тоа, како што вели, и ги олеснило породилните болки.
Таа не е единствена. И Теган Вудфорд на Инстаграм објавила фотографија од сопругата на својот брат, на која се дотерува додека има породилни болки.

loading...